И Македонија гас во трка за Јужниот тек

Bez autora
Oct 14 2010

Голем интерес на европските компании за влез во проектот Јужен тек" преку кој ќе се реализира главното снабдување на Европа со природен гас од Русија. Овие информации деновиве ги потврдуваат странските агенции и наведуваат дека рускиот премиер, Владимир Путин, и неговиот италијански колега Силвио Берлускони се договориле за влез на германската компанија "Vintershal", подружница на хемискиот концерн BASF, во гасоводот Јужен тек". Се шпекулира дека компанијата "Vintershal" се очекува да добие од 10 до 20 отсто учество во проектот, иако овие информации се уште не се потврдени од компанијата. Германскиот "Vintershal" веќе е дел од други гасни проекти и компанијата учествува со 20 проценти во гасоводот Северен тек", преку кој рускиот гас испорачан од Балтичкото Море треба да стаса на европските пазари до 2012 година.

И Македонија гас во трка за Јужниот текГолем интерес на европските компании за влез во проектот Јужен тек" преку кој ќе се реализира главното снабдување на Европа со природен гас од Русија.

Овие информации деновиве ги потврдуваат странските агенции и наведуваат дека рускиот премиер, Владимир Путин, и неговиот италијански колега Силвио Берлускони се договориле за влез на германската компанија "Vintershal", подружница на хемискиот концерн BASF, во гасоводот Јужен тек".

Се шпекулира дека компанијата "Vintershal" се очекува да добие од 10 до 20 отсто учество во проектот, иако овие информации се уште не се потврдени од компанијата. Германскиот "Vintershal" веќе е дел од други гасни проекти и компанијата учествува со 20 проценти во гасоводот Северен тек", преку кој рускиот гас испорачан од Балтичкото Море треба да стаса на европските пазари до 2012 година.

И Македонија влегува во оваа трка, рамо до рамо со големите енергетски корпорации. Македонската влада веќе го има формирано претпријатието Македонија гас" кое ќе работи заедно со Газпром" на реализацијата на гасоводната мрежа на наша територија. Реално потпишувањето на договор меѓу Газпром" и Македонија гас" се очекува до крајот на годинава.

Началникот на Секторот за управување со проекти на Газпром", Леонид Чугунов, при неодамнешната посета на земјава истакна дека е неопходен период од најмалку една година за техничките подготовки за гасоводот, по што ќе се знае дали и во каков вид тој ќе поминува низ земјава..

Во остра конкуренција италијанската компанија "Eni" успеа да стане дел од овој проект, а до крајот на годинава се очекува и влез на францускиот енергетски гигант ЕDF. Енергетските власти велат дека уделот на ЕDF ќе достигне околу 10 проценти.

"Јужниот тек" ќе има годишен капацитет од 63 милијарди кубни метри руски гас којшто без проблеми ќе стасува во сите земји - кориснички во Европа. За подобро функционирање на енергетскиот пазар во Европа, деновиве претседателот на Европскиот парламент, Јежи Бусек предложи создавање на шенген-зона и за енергетиката, бидејќи според него, европската енргетска заедница може да биде машинита која ќе ги раководи енергетските политики, а со тоа и полесно ќе се пребродат предизвиците од оваа област.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik